
Со отворањето на новиот објект во белградската населба Борча, „Аман“ го продолжува проширувањето на малопродажната мрежа во главниот град на Србија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Со отворањето на новиот објект во белградската населба Борча, „Аман" го продолжува проширувањето на малопродажната мрежа во главниот град на Србија.
Вратите на новата продавница за потрошувачите беа отворени во саботата, на 22 август. На околу 500 квадратни метри продажна површина, асортиманот го сочинуваат прехранбени и непрехранбени производи за секојдневна употреба, а трговецот и во овој маркет нуди можност за одложено плаќање.
Новиот „Аман" е отворен седум дена во неделата, од 7 до 22 часот и располага со паркинг-простор.