
Делегацијата на Норвешка во Србија, на чело со амбасадорот Арне Санес Бјорнстад, ја посетија фабриката „Књаз Милош“ и се запознаа со производството на вода и на другите производи.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Делегацијата на Норвешка во Србија, на чело со амбасадорот Арне Санес Бјорнстад, ја посетија фабриката „Књаз Милош" и се запознаа со производството на вода и на другите производи.

Во оваа пригода амбасадорот истакна: До идејата за посета на фабриката дојдовме кога еден од колегите утврди дека, според нашите архиви, производот што амбасадата најдолго го купува е токму газираната вода Knjaz Miloš. Со посетата ја откривме една од најмодерните фабрики за производство на вода во срцето на Србија.
Тој додаде дека нему и на вработените од амбасадата им било интересно да го набљудуваат процесот на експлоатација на водата.
Како што е соопштено, присутните се потсетија и на партнерството во реконструкцијата на павиљонот „Књаз Милош", првата фабрика за минерална вода во Србија. Овој објект е од историско значење, изграден е во 1907 година, а реконструиран е во 2016 година, како резултат на добра соработка меѓу Владата на Норвешка, компанијата „Књаз Милош", општината Аранѓловац и специјалната болница „Буковачка бања".