
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Истражувачката агенција „Нилсен“, на почетокот на ноември организираше конференција „Откријте ги можностите... подгответе се за утре“, на која се зборуваше за разбирањето на потенцијалите на пазарот за широка потрошувачка во Србија, јадранскиот регион, Европа и во Светот, но и за начините како сознанието да се употреби во иднина
Истражувачката агенција „Нилсен", на почетокот на ноември организираше конференција „Откријте ги можностите... подгответе се за утре", на која се зборуваше за разбирањето на потенцијалите на пазарот за широка потрошувачка во Србија, јадранскиот регион, Европа и во Светот, но и за начините како сознанието да се употреби во иднина.
Воведно обраќање, за факторите што влијаат на формирањето на потрошувачките навики, имаше Андреј Двојченков, генерален директор на компанијата за јадранскиот регион. Андријана Булатовиќ, раководител за грижа на корисници ги претстави резултатите од најновата студија за навиките на потрошувачите, при што истакна дека успехот на компанијата лежи во нивното познавање. Според податоците, две третини од купувачите сакаат да купуваат, а дури 73 отсто купуваат повеќе од планираното.
За трендовите во ТВ гледаноста и огласувањата, зборуваше Силвија Атијас-Ристиќ, директор за маркетинг, која истакна дека за купувањето се одговорни жените, кои поминуваат 6 часа пред телевизија.
| | |
Крешимир Штивичиќ, раководител за продажна ефективност зборуваше за патот до ефикасните трејд-промоции. Иако на почетокот на излагањето рече дека вложувањето во промоциите е еден од вообичаените одговори на прашањето како да се расте, но во текот на предавањето, дојде до заклучок дека веќе не постои директна врска меѓу вложувањето во промоцијата и порастот на категоријата.
Специјалниот гостин на конференцијата беше Жан-Жак Ванденхеде, директор за анализа на трговијата во Европа, зборуваше за еволуцијата и иднината на трговијата. Тој нагласи дека не е потребно трендовите да се следат, туку да се создаваат.
Во „Краун плаза" беа присутни повеќе од стотина претставници од различни сектори. Ним им се обратија Никола Костоски, директор за бизнис-стратегија во „Делез" и Кристина Ѓорѓевиќ од „Нестле", кои зборуваа за практичните примери.