
Фабриката за козметика „Невена“ е доказ дека постои живот и по стечај, изјави претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, по посетата на погоните на оваа фабрика.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Фабриката за козметика „Невена" е доказ дека постои живот и по стечај, изјави претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж, по посетата на погоните на оваа фабрика.
Како што истакна Чадеж, по разговорот со сопствениците и генералниот директор на фабриката, планирани се инвестиции вредни 1,2 милиони евра, што треба да бидат реализирани до крајот на 2016 година. Тој додаде дека, иако новото раководство го презеде работењето од почетокот на 2016 година, „Невена" може да се пофали со извоз на речиси 80 отсто од производите. Според Чадеж, Стопанската комора ќе ѝ помогне на компанијата, нејзините производи да се најдат на полиците на големите трговски синџири.
Ова е вистинскиот начин да докажеме дека постои живот и по стечајот. Можеме да направиме големи и квалитетни нешта од она што во минатото било системски уништувано. Тоа може да се направи со квалитетни идеи и одговорни луѓе кои работат со срце и душа, изјави Чадеж.
Сопственикот и директорот на компанијата Слободанка Влајчиќ истакна дека, засега, компанијата има 57 вработени, а нивната цел е во текот на наредната година тој број да се зголеми на 150 работници.
Имаме капацитети, воља и желба да работиме и Лесковац повторно да биде град на козметиката, додаде Влајчиќ.