
Бруто-добивката на групацијата „Краш“ остварена во 2013 година изнесува 43,8 милиони евра и е поголема од добивката во претходната година за 5,2%. Нето-добивката повеќекратно е зголемена и изнесува 1,3 милиони евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Бруто-добивката на групацијата „Краш" остварена во 2013 година изнесува 43,8 милиони евра и е поголема од добивката во претходната година за 5,2%. Нето-добивката повеќекратно е зголемена и изнесува 1,3 милиони евра.
Според неревидентираните, консолидирани податоци, 2012 година за „Краш" заврши со нето-добивка од 0,23 милиони евра, додека во 2013 година износот се зголеми на повеќе од 1,3 милиони евра.
Минатата година групацијата „Краш" оствари консолидирани, вкупни приходи во износ над 130 милиони долари, при што приходите од продажбата на домашниот пазар изнесуваа 73 милиони евра, а со извозот е остварено 42,7% од вкупниот приход на продажбата, односно 54 милиони евра.
Во однос на 2012 година, вкупните приходи паднаа за 2,9%, додека пак вкупните расходи се намалени за 4,8 милиони евра, односно за 3,6%, на 129,9 милиони евра, наведуваат од „Краш".
За да се задржи постигнатиот пазарен удел на домашниот пазар и на пазарите на ЦЕФТА во услови на јакнење на странската конкуренција, работните активности на „Краш" ќе бидат фокусирани на приспособување кон промените што се предизвикани од влезот на Хрватска во ЕУ. Најголеми напори се вложуваат во активирањето на пласманот и зголемувањето на извозот на производи на странските пазари и покрај неповолните услови за извоз во земјите на ЦЕФТА.
Минатата година беше зголемен обемот на извоз на пазарите во: Словенија, Австралија, САД, Германија, Шведска и Црна Гора.
| Спојување со компании од Чешка и СловачкаГрупацијата „Краш" до сега беше составена од девет компании: „Краш трговина" – Загреб, „Каролина" – Осиек, „Крашкомерц" – Љубљана, „Мира" – Приедор, „Краш трговина" – Широк Брег, „Крашкомерц" – Скопје, „Краш Комерц" – Белград, „Краш ЦЗ9" – Прага и „Краш Словакија" – Братислава.Компанијата вчера на Загрепската берза ја објави одлуката за почнување на постапка за спојување со друштвата со ограничена одговорност „Краш Словакија" од Словачка и „Краш ЦЗ" од Чешка.„Краш" како единствен член и стопроцентен соственик во наведените друштва, спроведува прекугранично спојување по поедноставена постапка, со пренесување на целиот имот од друштвата на „Краш", како општествен претприемач, без спроведување на постапката за ликвидација, без можност за замена на акциите и без зголемување на основниот капитал на „Краш". |
почнување на постапка за спојување на друштвата со ограничена одговорност „Краш Словакија" од Словачка и „Краш ЦЗ" од Чешка.„Краш" како единствен член и стопроцентен соственик во наведените друштва, спроведува прекугранично спојување по поедноставена постапка, со пренесување на целиот имот од друштвата на „Краш", како општествен претприемач, без спроведување на постапката за ликвидација, без можност за замена на акциите и без зголемување на основниот капитал на „Краш".