
Компанијата „Нестле“ оствари соработка со Здружението за целијакија на Србија и го стекна ексклузивното право за употреба на меѓународната ознака за производи што не содржат глутен – знакот на пречкртана пченица.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Нестле" оствари соработка со Здружението за целијакија на Србија и го стекна ексклузивното право за употреба на меѓународната ознака за производи што не содржат глутен – знакот на пречкртана пченица.
Cipiripi е единствениот крем без глутен во Србија со сертификат од Европската асоцијација на здружението на заболени од целијакија и Здружението на Србија, со кои веќе со години соработува, се наведува во соопштението на компанијата.
Според последните истражувања се проценува дека во Србија има околу 70.000 луѓе заболени од целијакија. Особено е важно компаниите од прехранбената индустрија што сакаат да придонесат за здравјето на своите потрошувачи да ги отворат вратите и да соработуваат со Здружението за целијакија на Србија. На декларациите јасно да ја истакнат содржината што одговара на она што се наоѓа во производот и ако се во можност да имаат одделни погони за производство на производи без глутен, изјави Весна Павков, претседател на Здружението за целијакија на Србија.
За производство на безглутенски производи неопходно е да се исполнат одредени услови за производство за да се спречи вкрстената контаминација на производите, а производството на кремот Cipiripi во фабриката во Сурчин, според зборовите на претставници од компанијата, во целост ги задоволува овие критериуми.
Cipiripi krem и Cipiripi tableсе сертифицирани производи без глутен. Од неодамна сите љубители на црниот крем можат да уживаат во Cipiripi Nugat без глутен, без вештачки бои и конзерванси, додават од компанијата.