
Компанијата „Нестле“ го пресели своето производство на мајонез од Полска во фабрика во белградското предградие Сурчин.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Нестле" го пресели своето производство на мајонез од Полска во фабрика во белградското предградие Сурчин.
Вредноста на инвестицијата е 1,3 милиони евра, сооопшти регионалниот директор на компанија Ансгар Борнеман. Тој очекува во фабриката во Сурчин, која порано беше сопственост на „Центропроизвод", годишно да се произведуваат на над 2.000 тони мајонез „Томи".
По 14 месеци напорна работа и инвестиции од 1,3 милиони евра, почнувавме со производство во Сурчин. Производството на мајонез во нашите погони позитивно ќе се одрази на нашата работа во поглед на цените, но и од аспект на квалитетот и дистрибуцијата. Производството ќе биде ориентирано на регионот, но исто така ќе ни се пружат и нови можности за извоз, изјави Борнеман.