
Истражувањето спроведено од меѓународната агенција „Ицертиас“ покажа дека, според потрошувачите, „Неопланта“ нуди полутрајни салами со највисок квалитет на домашниот пазар.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Истражувањето спроведено од меѓународната агенција „Ицертиас" покажа дека, според потрошувачите, „Неопланта" нуди полутрајни салами со највисок квалитет на домашниот пазар.
По тој повод, како што е соопштено, на компанијата ѝ е доделено престижното признание за квалитет QUDAL, чија ознака ќе ја носат полутрајните производи на „Неопланта", до 2017 година. Истражувањето е спроведено на 1.200 испитаници во Србија.
Директорот за маркетинг и развој во „Неопланта", Славица Аџиќ, изјави дека признанието е дополнителен поттик за сите вработени доследно да ја следат визијата на компанијата.
Нѐ радува што купувачите уште еднаш покажаа дека го препознаваат и го ценат нашиот квалитет. Како лидер во категоријата полутрајни производи, не се задоволуваме само со моменталниот успех, туку продолжуваме со вложување во иновативни технологии, за да го осигураме задоволството на нашите потрошувачи. Токму затоа, отсега, колбасот Pipi ќе се произведува од суровини добиени по унапредена, германска технологија за одвојување на месото. На тој начин на потрошувачите ќе им понудиме производ со совршена текстура, сигурен квалитет и препознатли вкус, изјави Аџиќ.