
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Индустријата за месо „Неопланта“, членка на „Нелт Група“, доби Халал-сертификат за конзервираните производи од својот асортиман. Сертификатот е издаден од страна на овластена и специјализирана агенција за сертификација на Халал-квалитетот.
Индустријата за месо „Неопланта", членка на „Нелт Група", доби Халал-сертификат за конзервираните производи од својот асортиман. Сертификатот е издаден од страна на овластена и специјализирана агенција за сертификација на Халал-квалитетот.
За исполнување на овој висок стандард, што го потврдува Халал-статусот на производите и ја одобрува употребата на Халал-знакот на пакувањето на производот, обезбедени се неопходните барања, вклучувајќи ги посебно одвоеното производство и строгата селекција на производите што влегуваат во составот на сертифицираните производи.
Како извозно ориентрана компанија и лидер во месната индустрија во Србија, го препознавме стратешкото значење од воведувањето на овој систем за „Неопланта", но и вкупната конкурентност на нашите производи. Високата вредност на пазарите во светот каде што се тргува со храна и прехранбени производи со Халал-сертификат, ни отвара можност на дополнително унапредување на работењето, изјави Слободан Василиќ, извршен директор „Неопланта".
Со овој сертификат „Неопланта" ќе има можност конзервираните производи да ги понуди на сите потрошувачи што консумираат Халал-храна во земјите од регионот, со што ќе ја зајакне својата позција на постоечките и потенцијалните пазари, се наведува во соопштението од компанијата. Исто така, напоменуваат дека во наредниот период интензивно ќе се работи на добивањето Халал-сертификат и за другите производи.