
На огласот за продажба на имотот на млекарницата „Ника“, со вкупна почетна цена од 2,99 милиони евра, не стигна ниту една понуда.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На огласот за продажба на имотот на млекарницата „Ника", со вкупна почетна цена од 2,99 милиони евра, не стигна ниту една понуда.
Стечајниот управник Младен Марковиќ соопшти дека за имотот на млекарницата немало заинтересирани и дека, според стандардната процедура, во јануари ќе биде распишан нов тендер.
Одборот на доверители на млекарницата, на почетокот на август, не го прифати планот за реорганизација, поради што беше прогласен банкрот.
Работењето на „Ника" престана во ноември 2014 година откако нејзините кооперанти ја прекинаа испораката на млеко, поради неплатени обврски. Воведувањето на стечајот го бараше сопственикот на млекарницата Александар Божовиќ, а од март годинава 70 вработени се најдоа листата на Бирото за вработување.
Божовиќ, млекарницата „Ника" ја купи во 2005 година кога таа беше веќе во стечај, а средствата од 600.000 евра беа обезбедени од кредит.