
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Нема ништо неизвесно околу опстанокот и иднината на „Млекопродукт“, соопшти управата на индустријата за млечни производи од Зрењанин, по шпекулациите во српските медиуми за можните последици од соработката на млекарницата со хрватски „Агрокор“ и со „Меркатор-С“.
Нема ништо неизвесно околу опстанокот и иднината на „Млекопродукт", соопшти управата на индустријата за млечни производи од Зрењанин, по шпекулациите во српските медиуми за можните последици од соработката на млекарницата со хрватски „Агрокор" и со „Меркатор-С".
Од компанијата велат дека се неточни информациите за наводни „милионски долгови" од страна на „Меркатор-С" и дека шпекулациите беспотребно создаваат неизвесност кај вработените. „Млекопродукт" е дел од француската групација „Савенсија" и има 306 вработени, главно во Зрењанин.