
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Нелт“, регионален лидер во областа дистрибуција, логистика и трејд маркетинг, на почетокот на март го отвори првиот приватен железнички логистички терминал во својот Централен дистрибутивен центар во Добановци, со што комплетно го заокружи портфолиото на логистички услуги.
Компанијата „Нелт", регионален лидер во областа дистрибуција, логистика и трејд маркетинг, на почетокот на март го отвори првиот приватен железнички логистички терминал во својот Централен дистрибутивен центар во Добановци, со што комплетно го заокружи портфолиото на логистички услуги.
Како што беше кажано на отворањето, интермодалниот терминал на „Нелт" претставува надградба на постоечкиот систем на интегрирана логистика и е отворен за сите актери на пазарот во увозни, транзитни и извозни дејности. Тој им е на располагање ма бродарските куќи, на железничките оператори, логистичарите, шпедитерските куќи, но и на произведувачите, сопствениците на брендови и на другите дистрибутери.
Интермодалниот транспорт е синоним за економично, ефикасно и еколошки одржливо глобално движење на сите видови стока. Ние во „Нелт" тежнееме нашето работење да биде препознаено токму по овие атрибути. Со новиот сет логистички услуги што ги почнуваме со активирање на интермодалниот терминал, на нашите клиенти ќе им овозможиме намалување на логистичките трошоци, но ќе донесеме и побрзи, посигурни и поквалитетни транспортни услуги. Редовниот неделен железнички транспорт на контејнери во увозот и извозот на релација пристаништето во Риека – „Нелт" – Добановци е првата од услугите што ги ставаме на располагање на пазарот. За општеството и за државата значаен е ефектот на намалена емисија на штетните гасови и растоварувањето на патната инфраструктура, изјави Иван Милиќевиќ, менаџерот на операции и развој во „Нелт ЛСП".
Новиот терминал на „Нелт" е поврзан со пруга со сите европски пристаништа и копнени терминали. Автопатите Е-75 и Е-70 се вкрстуваат на оддалеченост од 6 километри од терминалот, додека аеродромот „Никола Тесла" е оддалечен 10 километри. Во логистичкиот центар на „Нелт" функционира и царинска служба со складиште, што овозможува целосна поддршка и флексибилност во поглед на разните видови процеси и тековите на стоката.
Присутните деловни партнери, принципали, претставници на дипломатскиот кор и медиуми, го поздравија Милош Јелиќ, извршниот директор на групацијата „Нелт", и Рoберт Јеноваи, директорот на „Нелт" – Србија. Тие двајца, заедно со Милиќевиќ, со сечење лента, симболично го пуштија во употреба новиот терминал во Добановци.
„Нелт" е основан во 1992 година, како компанија со основна дејност трговија. Денес „Нелт" е водечка компанија во Србија и во регионот на полето на дистрибуцијата на стока за широка потрошувачка, тутунски и фармацевтски производи, логистички услуги и трејд маркетинг. Компанијата, во рамки во своите логистички капацитети, дава и услуги за меѓународен транспорт, складирање, царинско посредување, достава, дополнителни услуги за препакување, обележување и прилагодување. Освен во Србија, „Нелт" има свои компании и во Црна Гора, Македонија, БИХ, како и во државите од потсахарска Африка – Ангола, Замбија и Мозамбик, со вкупно 3.800 вработени.