
Компанијата „Нелт“ во петок (4 декември 2015 година) свечено ќе го отвори новото складиште во регионалниот дистрибутивен центар Бијељина.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Нелт" во петок (4 декември 2015 година) свечено ќе го отвори новото складиште во регионалниот дистрибутивен центар Бијељина.
Ќе биде пуштен во употреба нов објект со капацитет од 1.650 квадратни метри, од каде, со производи од асортиманот на „Нелт", ќе се покрие регионот на североисточна БИХ.
За почеток на сегашната компанија „Нелт" во Босна и Херцеговина се смета отворањето на фирмата „Орбитко" во 1999 година, како под-дистрибутер за кондиторски и тутунски производи. Во 2006 година „Орбитко" станува партнер со „Нелт" за во 2010 година да го смени името во ДОО „Нелт".
Досега, „Нелт" поседува регионален центар во Бања Лука, а во Бијељина ќе бидат вработени повеќе од 230 луѓе.
„Нелт" – БИХ е членка на „Нелт група" што претставува организациска платформа од 12 компании во 8 земји во Европа и во Африка, со 3.800 вработени и годишен промет поголем од 700 милиони евра.