
На повик за јавно наддавање за закуп на земјиште на некогашните плантажи со овоштарници на „ПК Делишес“ во Владичин Хан, се јавија неколку компании кои по поволни цени добија земјиште за користење во период од 20 години.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На повик за јавно наддавање за закуп на земјиште на некогашните плантажи со овоштарници на „ПК Делишес" во Владичин Хан, се јавија неколку компании кои по поволни цени добија земјиште за користење во период од 20 години.
Најголемиот закупец е „Нектар" кој закупи 135 хектари земјиште со девастирани овоштарници по цена од 10.000 до 15.000 динари. „Нектар" во Владичин Хан има фабрика за концентрат за овошни сокови која е дел од најпродуктивните стопански објекти во оваа општина.
Претпријатието „Лазар" закупи 120 хектари, додека „Гхибли" закупи 14 хектари на пет години.
Од земјоделската служба во оваа општина истакнуваат дека закупците имале најголем интерес за новите засади со вишна, јаболка, боровници, додека од зеленчукот, за белиот лук.
По стечајот на „Делишес", земјиштето премина во сопствеништво на локалната самоуправа која во последните години се обидува да помогне во обнова на производството на овошје и зеленчук.