
„Нектар“, во општината Владичин Хан, вложи повеќе од 7 милиони евра во производствен погон, нов ладилник и простор за складирање на овошни концентрати.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Нектар", во општината Владичин Хан, вложи повеќе од 7 милиони евра во производствен погон, нов ладилник и простор за складирање на овошни концентрати.
Со ова вложување, зголемен е капацитетот на ладење на 6.000 тони смрзнато овошје, а зголемени се и вкупниот капацитет и можноста за откуп на дополнителни 20.000 тони овошје. Вкупниот производствен капацитет за преработка на овошје, во една сезона, изнесува 120.000 тони. Како што информираат од компанијата, производствениот погон во Владичин Хан, има реални можности да стане најголемиот центар за преработка на овошје.
Фабриката соработува со повеќе од 500 фармери, а преку многубројни кооперантски односи со помалите производители, директно е овозможено вработување на голем број луѓе.
„Нектар група" вкупно вработува повеќе од 1.500 работници, а во Владичин Хан вработени се 150 луѓе. При сезонската работа бројот на вработени двојно се зголемува.