
„Нектар“ ја промовираше новата производствена линија за брендот Milky Juice, негазиран освежителен, безалкохолен пијалак, со овошен сок и млеко.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Нектар" ја промовираше новата производствена линија за брендот Milky Juice, негазиран освежителен, безалкохолен пијалак, со овошен сок и млеко.
Како семејна компанија, „Нектар" е веќе долго време број 1 на пазарот во категоријата сокови, бидејќи поседува производи што се препознаени по својот врвен квалитет и оригинална комуникација. Постојано ги слушаме потребите на нашите потрошувачи и овој пат желбата ни беше да им понудиме не само нов производ, туку ново искуство. Во прашање е нова категорија на пазарот, единствен спој на сок и на млеко - Milky Juice. Развивањето на технологијата, рецептурата и тестирањето траеја две години со блиска соработка со нашите долгогодишни партнери од компанијата „Тетра Пак". За производство на овој производ беше потребна инвестиција во специфична опрема што овозможува спој на млеко и сок. Пазарната вредност на целата опрема изнесува два милиони евра, изјави Михаило Јанковиќ, директор на „Нектар груп".
Како што истакнаа од компанијата, со спојувањето на сокот и млекото, добиен е нов освежителен пијалак, што е комбинација на најдоброто од овие две категории. Nectar Milky Juice е веќе во продажба, а достапен е со три вкусови – ананас и кокос со млеко, банана, јагода и црвено грозје со млеко и портокал и праска со млеко.