
Компаниите „Нектар“ и „Нелт“ воспоставија стратешко партнерство во областа управување со логистички процеси, при што е планирано „Нелт“ да биде логистички сервис провајдер во делот на складирање и транспорт.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компаниите „Нектар" и „Нелт" воспоставија стратешко партнерство во областа управување со логистички процеси, при што е планирано „Нелт" да биде логистички сервис провајдер во делот на складирање и транспорт.
Од „Нектар" соопштија дека компанијата е меѓу првите во Србија кои почнале да користат услуги на специјализирана компанија за логистика.
Во овие 20 години, „Нектар" израсна во најголем произвоител на сокови во Југоисточна Европа. Драго ни е што воспоставивме соработка со „Нелт" како реномирана во својата област. Наша крајна цел е да го подигнеме нивото на услуги кон купувачите и да го забрзаме патот на нашите производи до крајниот потрошувач, изјави Михајло Јанковиќ, директор на „Нестле Груп".
Соработката меѓу „Нектар" и „Нелт", кои се вбројуваат во најуспешните домашни деловни системи, ќе овозможи секој од нас да се фокусира на основниот бизнис и да го работи тоа за што е најдобар,изјави Драгана Шрбиќ, потпретседателка за логистика за западанен Балкан на „Нелт".