
Водејќи се од филозофијата дека најдобрите вкусови настануваат од необични комбинации, „Нектар“ го претстави Nectar Ice Tea Half & Half со два вкуса – лимонада со црн чај и праска со црн чај.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Водејќи се од филозофијата дека најдобрите вкусови настануваат од необични комбинации, компанијата „Нектар" минатиот четврток на белградскиот сплав „Шејк & шејк" претстави нова категорија напивки во рамките на ледените чаеви – Nectar Ice Tea Half & Half со два вкуса – лимонада со црн чај и праска со црн чај.
Вистинските состојки комбинирани на вистински начин и во вистинска мера! Тоа го нуди комбинацијата Nectar Ice Tea Half&Half. Половина црн чај, половина овошна напивка од праска или лимонада – овој пијалак е освежување кое до сега не сте го вкусиле. Тој е повеќе од збирот на двете половинки: единствено освежување за секое време во годината и за секоја пригода, изјави Мина Тадиќ, маркетинг-директор на „Нектар".
Програмата ја водеа актерите Милитин Милошевиќ и Дргана Дабовиќ, а во духот на концептот„half&half" сите присутни на влезот добија беџови со половина од одреден мотив и со задача да ја пронајдат другата половина од истиот мотив кај некого од присутните.
Освен личности од јавниот живот, меѓу присутните имаше и голем број претставници од медиумите.