
Слободан Радун, сопственикот на „Нектар“ на состанокот со општинското раководство и локалните овоштари од Владичин Хан разговараше за унапредување на соработката.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Слободан Радун, сопственикот на „Нектар" на состанокот со општинското раководство и локалните овоштари од Владичин Хан разговараше за унапредување на соработката.
Како што е кажано, на „Нектар" годишно му се потребни 100.000 тони овошје за преработка, а оваа општина во моментов не постигнува да задоволи ниту половина од вкупното барано количество. Па така, останатиот дел пристигнува од различни краеви на Србија и од Македонија.
Покрај преработката на јаболка, која опфаќа 5 отсто од вкупната работа во фабриката, „Нектар" планира да го интензивира и откупот на јагодестото овошје. Во Владичин Хан можат да се произведат големи количества, а ориентацијата на јагодестото овошје е пат кон подобар профит во однос на стандардната култура, рече Радун.
На производителите секогаш им недостасуваат средства, а еден од начините за нивно обезбедување се програмите од европските фондови, како и субвенциите од Министерството за земјоделство. Тука се и банкарските кредити, врз основа на договор со „Нектар", како купувач кој го гарантира откупот, истакна Радун.
Тој потсети дека во Владичин Хан веќе се гради погон на неговата компанија, чија вредност надминува пет милиони евра, а обезбедена е и поддршка од Европската банка за обнова и развој.