
Винарите од регионот Долењска во Словенија на крајот од мај ќе ја приредат четириесет и петтата недела на виното цвичек, годинава во градот Требње.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Винарите од регионот Долењска во Словенија на крајот од мај ќе ја приредат четириесет и петтата недела на виното цвичек, годинава во градот Требње.
Недела на цвичекот е најголемиот винско-туристички настан во Долењска и е посветена на виното од сортата цвичек, кое се произведува само во овој регион во Словенија.
Организаторот на настанот, Сојузот на друштва на винарите од Долењска, годинава очекува 8.000 посетители на централната приредба, која ќе се одржи од 26 до 28 мај.
Главаната цел на манифестацијата е да го развива и да го промовира винарството во тој регион. По минатогодишната преселба од Костањевице на Крка, настанот повторно ќе се одржи во Требње.