
Во Витез е отворен најсовремен ладилник за замрзнување на јагодесто и зрнесто овошје, во сопствеништво на „Натурал фуд“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во Витез е отворен најсовремен ладилник за замрзнување на јагодесто и зрнесто овошје, во сопствеништво на „Натурал фуд".
Компаниите за откуп и преработка на јагодесто и зрнесто овошје „Натурал Фуд" и „Бос агро фуд", членки на „Нордик Фуд груп" од Шведска, до денес во БиХ откупија вкупно 3.000 тони малини, а во тек е бербата на есенските сорти на малини со планирано количество од 500 тони.
Вкупното планирано количество на откупено јагодесто и зрнесто овошје, за сезоната 2015 година, изнесува 5.000 тони, а вредноста на откупот е 10 милиони евра.
Во текот на 2014 и 2015 година „Натурал фуд" инвестираше во два ладилникa. Вложени се околу 3,06 милиони евра во изградба на ладилник во Железно поле, а во Витез вложени се 2,6 милиони евра. Ладилникот во Железно поле има капацитет за дневно замрзнување од 30 тони и складиште од 300 тони, додека ладилникот во Витез, кој се смета дека е еден од најсовремените во Југоисточна Европа, има капацитет на дневно замрзнување од 75 тони и складиште од 1.800 тони.