
Брендот Natura, во 2015 година, оствари стопроцентен пораст на производството и продажбата на конзервираното овошје и зеленчук на домашниот и на странските пазари. Резултатите се споредени со оние од 2014 година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Брендот Natura, во 2015 година, оствари стопроцентен пораст на производството и продажбата на конзервираното овошје и зеленчук на домашниот и на странските пазари. Резултатите се споредени со оние од 2014 година.
Во асортиманот на Natura има повеќе од 40 производи на конзервирано овошје и зеленчук што се преработуваат во фабриките „Натура фуд" и „Воќар-промет", членки на „Адриатик груп" од Виена.
Станува збор за програмата на кисели салати, ајвар и мармалади, направени според традиционални рецепти, без додадени конзерванси и бои. Поради ова, производите Natura се исклучително ценети во ЕУ, каде, преку капацитетите на „Адриатик груп", се пласираат во 14 земји во Европа. Врз основа на добиените податоци, лидери сме во пласманот на производи на територијата на ЕУ, од сегментот конзервирано овошје и зеленчук, изјави извршниот директор на „Натура фуд" Сенахид Хуремовиќ.
Од компанијата потсетуваат, дека поради големата побарувачка на домашниот и на странските пазари, „Адриатик груп" во мај 2015 година ја заврши аквизицијата на фабриката „Воќар-промет", со цел проширување на капацитетите на производство на овој бренд од БИХ. Вкупно во двете фабрики, во текот на минатите години се произведени повеќе од 3 милиони тегли, од кои околу 80 отсто се пласирани во земјите од ЕУ.
За годинава, преку членките на „Адриатик груп", се најавени дополнителни инвестиции и поддршка на домашното земјоделско производство. Особено се нагласува поддршката на производство на различни видови пиперки, наменети за сопствени преработувачки капацитети.