
Во текот на првата јавна продажба на имотот на компанијата за производство на месо од живина „Агрожив“ која е во стечај, немаше заинтересирани купувачи.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во текот на првата јавна продажба на имотот на компанијата за производство на месо од живина „Агрожив" која е во стечај, немаше заинтересирани купувачи.
Наскоро ќе биде закажана втората јавна продажба каде што очекуваме повеќе заинтересирани лица и сметам дека ќе се постигне фер цена што им одговара на сите, рече извршителот Драган Божиќ.
Продажбата на имотот е закажана за да се подмират побарувачките на доверителот – фирмата „Нови бек" од Белград.
Попис и процена на имотот извршена е кон крајот на минатата година, а меѓу попишаните работи се производствените машини, линија за колење, линија за вадење на коски, за ладење и друго со што се проценува вкупната вредност од 314,7 милиони динари.
Почетна цена на планираната продажба изнесува 60 отсто од проценетата вредност.
Извршителите веќе спроведоа продажба во „Агрожив" и тогаш на продажба понудени се автомобили и угостителски објекти во сопствеништво на компанијата.
Сопственикот на „Агрожив" е претпријатието „Србијагас", а погоните ги закупи фирмата „Мибрас" откако некогаш успешното претпријатие за преработка на пилешко месо се соочи со деловни проблеми.