
„Шпар“ - Словенија наскоро ќе го отвори стотиот објект од својот трговска мрежа во земјата, пунктот „кликни и земи“ во трговскиот центар БТЦ, а набргу ќе ја почне изградбата и на трговскиот центар во љубљанската населба Шишка.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во љубљанската населба Штепањска, при крај се работите на изведбата на новиот, јубилеен, стоти „Шпар" во Словенија. Исто така, се завршува и пунктот „кликни и земи" (click and collect) во трговскиот центар БТЦ, каде што „Шпар" првпат ќе почне со испорачување на нарачаните производи преку интернет.
Од седиштето на компанијата за InStore одговорија дека сè уште ги немаат дефинирано датумитеза лансирањето.
Земјиштето на коешто никнува стотиот „Шпар", на аголот на улиците Литијска и Хрушевска цеста во населбата Штепањска, во 2013 година било продадено на компанијата „Елком", која при крајот на март годинава му го продала на „Шпар".
Треба да се спомене и дека „Шпар" (конечно) ја почна изградбата на стомилионскиот трговски центар во љубљанска Шишка, што беше најавувано дека ќе се реализира уште во 2012 година. Таа инвестиција, поради бирократски проблеми, се изведува дури сега, а отворањето, според последните најави, би требало да се случи следната година.