
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Директорот на канцеларијата за ветеринарство во БиХ, Љубомир Калаба изрази задоволство со исходот од состанокот со европските партнери во Брисел и се надева дека кон средината на идната недела може да се решат проблемите во врска со извозот на млеко од Бих во ЕУ.
Директорот на канцеларијата за ветеринарство во БиХ, Љубомир Калаба изрази задоволство со исходот од состанокот со европските партнери во Брисел и се надева дека кон средината на идната недела може да се решат проблемите во врска со извозот на млеко од Бих во ЕУ.
Многу сме задоволни од денешниот состанок и се надеваме дека кон средината на идната недела БиХ ќе биде вратена на листата на земјите што можат да извезуваат во ЕУ, рече Калаба.
Тој нагласи дека партнерите во Европската комисија се исклучително коректни и тие сакаат приказната да се заврши што поскоро.
Во тој поглед не известија дека направиле сè состанокот на надлежниот европски комитет, што треба да се одржи на 16 септември, да се одржи порано. На состанокот на комитетот одлуката се донесува со мнозинство на гласови и никој нема право на вето, објасни Калаба.
Тој се надева дека исходот од состанокот што треба да се одржи на 9 или на 10 септември ќе биде позитивен за БиХ, бидејќи нема да биде потребно да се објавува таа одлука, туку по автоматизам ќе се врати претходно одобрената листа на млекарници од БиХ што може да извезуваат во ЕУ.