
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во рок од еден месец ќе се отвори првата бесплатна социјална продавница во Загреб. Социјалната продавница ќе работи во новоотворените простории на Црвениот крст, а ќе биде наменета за вработени граѓани кои не примиле плата, граѓани со високи рати за кредит кои тешко или никако не успеваат да ги отплатат, за пензионери и останати граѓани на кои им е потребна помош, пишува „Вечерњи лист“.
Во рок од еден месец ќе се отвори првата бесплатна социјална продавница во Загреб. Социјалната продавница ќе работи во новоотворените простории на Црвениот крст, а ќе биде наменета за вработени граѓани кои не примиле плата, граѓани со високи рати за кредит кои тешко или никако не успеваат да ги отплатат, за пензионери и останати граѓани на кои им е потребна помош, пишува „Вечерњи лист".
Поттикнати од тешката ситуација на граѓаните и сè поголемата потреба на оние на кои им е потребна помош, Градот Загреб во соработка со Црвениот крст во Загреб, Царитас на загрепската надбискупија и Царитас на св. Антун Падовански почна со проект за отворање социјална продавница, рекоа од Градската канцеларија за социјална заштита и заштита на лицата со инвалидитет.
Основната цел на овој проект е нудење помош на социјално загрозените граѓани и тоа на онаа група која засега не е вклучена во ниту еден облик на слична помош.
Социјалната продавница ќе биде отворена во градската населба Сигет, во Загреб по примерот на проектите што веќе ги спроведува загрепскиот Царитас во соработка со компанијата „Лидл". Треба да се нагласи дека социјалната продавница ќе биде бесплатна. Проектот е веќе завршен, но сè уште се реализираат состаноци со доставувачите за да овој простор биде отворен што побрзо.
Корисниците на социјалната продавница ќе примаат помош и неколку пати месечно, а корисниците ќе бидат следени преку компјутерска база.