
Во една од производствените хали на некогашната фабрика „Декор“, во Рожаје, во тек се подготовките за производство на сапун и шампон. Инвеститорот најавува и производството на средства за домашна и за лична хигиена.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во една од производствените хали на некогашната фабрика „Декор", во Рожаје, во тек се подготовките за производство на сапун и шампон. Инвеститорот најавува и производството на средства за домашна и за лична хигиена.
Според зборовите на Енес Беќирагиќ, извршен директор на „Декор", пред неколку месеци, компанија од Турција која произведува течни детергенти, сапуни и шампони, закупи една од производствените хали на фабриката. Халата е закупена на пет години.
Инвеститорот постави поголем дел од машините за производство, така што се очекува производството да почне до крајот на јуни, додаде Беќирагиќ.
Според него, во фабриката засега ќе бидат вработени 20 луѓе, а во поглед на производите, најголем дел од нивќе бидат наменети за извоз.
Од претставниците на турската компанија добивме информација дека на почетокот ќе бидат вработени дваесетина работници. Според договорот за закуп, како еден од нашите услови беше и преземање на шест вработени од „Декор", истакна Беќирагиќ.