
На 21 јуни ќе биде отворен новиот малопродажен објект „Персу“ во Ечка, недалеку од Зрењанин, на улицата „Маршал Тито“ бр. 80.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На 21 јуни ќе биде отворен новиот малопродажен објект „Персу" во Ечка, недалеку од Зрењанин, на улицата „Маршал Тито" бр. 80.
Новоотворениот објект што ќе се протега на 70 квадратни метри продажен простор, ќе вработи пет работници и ќе располага со две каси. На полиците ќе можат да се најдат повеќе од 2.000 артикли, од што 500 ќе бидат со трајно ниски цени и уште многу други на акциски понуди.
Овој маркет го носи бројот 23, но е 107 по ред. Како што наведуваат од трговската компанија, голема предност на овој објект е пространиот паркинг, а се планира и детско игралиште пред продавницата, каде што децата ќе можат да се забавуваат, додека нивните родители купуваат.