
„Топлички виногради“ најавија дека на 8 ноември, во селото Гојиновац, во близина на Прокупље, ќе ја отвори најголемата винарница на Балканот, која ќе се простира на површина од 7.500 метри квадратни.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Топлички виногради" најавија дека на 8 ноември, во селото Гојиновац, во близина на Прокупље, ќе ја отвори најголемата винарница на Балканот, која ќе се простира на површина од 7.500 метри квадратни.
Драган Ковачевиќ, директор на „Топлички виногради" изјави дека главно ќе се произведуваат вина од автохтоната сорта на грозје „прокупец", која во тој крај, во минатите години, сè помалку се одгледува. Тој нагласи дека, благодарение на неодамна добиената лиценца за заштита на потеклото на таа сорта на грозје, „Топлички виногради" ќе настојуваат од добиеното вино да создадат национален бренд.
Ќе го произведуваме според традиционална и стара технологија, дури и ќе го чуваме онака како што го чувеле пред многу векови, во дрвени буриња направени од храст, истакна Ковачевиќ и додаде дека целта на враќање кон традицијата и поттикнувањето на лозарството е враќање кон земјоделска гранка која некогаш била значајна во овој крај.
Според зборовите на Ковачевиќ, градежните работи на винарницата се завршени, а во моментов се работи на опремување на просторот за складирање, што ќе биде на пет нивоа, за да се смести овогодинешниот род на грозје.
Веќе на есен, во новата винарница ќе почне преработката на 80.000 килограми висококвалитетна сорта на грозје „совињон", „бургундац" и „шардоне", и посебната сорта „прокупац", рече Ковачевиќ.
Тој наведе дека минатата година на околу 35 хектари лозје, набрани се 45.000 килограми сортно грозје, а оваа година засадената површина е зголемена за уште 10 хектари.
Во план е, како што кажа Ковачевиќ, во наредните години засадите со винова лоза да достигнат 100 хектари.