
Институтот за овоштарство и лозарство во Сремски Карловци го одбележа празникот Св.Трифун најавувајќи нови значајни вложувања во овој сектор.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Институтот за овоштарство и лозарство во Сремски Карловци го одбележа празникот Св.Трифун најавувајќи нови значајни вложувања во овој сектор.
Лозјето во Сремски Карловци, поради своите агроеколошки карактеристики дава вина со врвен квалитет, кои наскоро ќе бидат контролирани во современа лабораторија.
Лабораторијата ќе биде наменета за производителите на вина и грозје од Војводина. Очекуваме во наредните од три до четири месеци таа да почне со работа што ќе придонесе за зголемување на квалитетот на вината од Војводина, изјави Драгослав Иванишевиќ, директор на Институтот за овоштарство и лозарство во Сремски Карловци.
Според официјалните податоци, под винова лоза во Србија се околу 22.000 хектари, а само во Војводина се околу 6.000 хектари. Бројот на производители постојано се зголемува, што укажува на добра перспектива на винарството во Србија.
Токму на Св.Трифун е распишан и конкурс за упис во првата година од магистерските студии - насока лозарство и винарство, што заеднички ќе се реализира во Земјоделскиот и Технолошкиот факултет при Новосадскиот универзитет. Ова е прва образовна програма во Србија од ваков тип.