
Позицијата на малопродажбата на „Агрокор“, според листата на 250-те најголеми малопродажни синџири во светот на „Делоит“, напредуваше за 30 места, во споредба со минатогодишната листа.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Позицијата на малопродажбата на „Агрокор", според листата на 250-те најголеми малопродажни синџири во светот на „Делоит", напредуваше за 30 места, во споредба со минатогодишната листа.
Благодарение на остварениот приход, „Агрокор" ја зазема 192-та позиција, покажува извештајот – „Глобалната сила на малопродажбата 2016".
Подобрувањето на позицијата во 2014 година е резултат од преземањето на „Меркатор", со што станавме лидери на пет регионални пазари, како и на пазарите во Југоисточна Европа. Ова преземање е успешно реализирано за краток период и во согласност со најдобрите светски практики. Со него се создадени значителни синергиски резултати, како за нашата групација и за нашите вработени, така и за нашите партнери, истакна Дарко Кнез, извршен потпретседател за деловната група малопродажба, „Агрокор".
Водечките 250 трговски синџири во светот, во фискалната 2014 година остварија вкупни приходи од 4,3 милијарди долари, зачувувајќи го постојаниот пораст, кој изнесува 4,3 отсто, во споредба со минатата година. Трговските синџири во Северна Америка, Африка и на Блискиот исток остварија пораст на приходите, за разлика од оние во Азија, Европа и Латинска Америка кои и понатаму бележат пад на приходите.