
Вкупното количество на откупеното кравјо млеко во мај, изнесуваше 2,06 милиони литри, што е за 6,4 отсто помалку од истиот период минатата година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Вкупното количество на откупеното кравјо млеко во мај, изнесуваше 2,06 милиони литри, што е за 6,4 отсто помалку од истиот период минатата година.
Како што е соопштено од „Монстат", во споредба со остварениот месечен просек минатата година, откупено е помало количество млеко за 1,4 отсто.
Содржината на млечните масти во мај годинава, во споредба со истиот месец минатата година, е поголем за 6,4 отсто, а содржината на протеини е поголема за 4,5 отсто. Во споредба со годишниот просек содржината на млечните масти е поголема за 2,4 отсто, а на протеините 3,1 отсто, стои во соопштението.
Од „Монстат" информираат дека е забележано зголемено производство на павлака за 12,5 отсто, ферментирани производи 11,2 отсто, кајмак за 26 отсто и сирење за шест отсто. Намалено е производството на млекото за консумирање и тоа за 1,9 отсто.