
Словенечката Влада официјално ги намали акцизите за малите производители на пиво, вино и жестоки алкохолни пијалаци за да се зајакне конкуренцијата и извозот.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Словенечката Влада официјално ги намали акцизите за малите производители на пиво, вино и жестоки алкохолни пијалаци за да се зајакне конкуренцијата и извозот.
Како што е соопштено, даноците за околу 50 мали и микро пиварници во Словенија се пониски за 50 отсто, за да се спречи нивниот одлив во соседна Австрија, појава што е забележана во изминатите неколку години.
Новите прописи се однесуваат и на малите производители на ракија и вино. Тие повеќе нема да мораат да ги пријавуваат котлите за варење ракија, ако нив ги користат за лична употреба, туку ќе мора да платат паушален надоместок според произведеното количество.
На малите винарници пак, дозволена им е продажба на виното и во други земји во ЕУ, а за тоа доволно ќе им биде само да имаат документ за сопствено производство и платена акциза во печатена или во електронска форма.