
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Вкупната надворешнотрговска размена на Црна Гора во периодот од јануари до ноември 2014 година, според прелиминарните податоци на „Монстат“, изнесува 1.933,6 милиони евра, што претставува намалување од 1,6% во однос на истиот период од претходната година, соопштија од Министерството за земјоделство и рурален развој.
Вкупната надворешнотрговска размена на Црна Гора во периодот од јануари до ноември 2014 година, според прелиминарните податоци на „Монстат", изнесува 1.933,6 милиони евра, што претставува намалување од 1,6% во однос на истиот период од претходната година, соопштија од Министерството за земјоделство и рурален развој.
Како што беше нагласено, иако во ноември 2014 година немало извоз на свежо месо во Белорусија, Црна Гора земјоделски производи во вредност од 7,4 милиони евра, односно 12,5% повеќе отколку во истиот месец 2013 година.
Вкупната вредност на извезената стока изнесуваше 309,6 милиони евра (9,6% помалку во однос на истиот период минатата година), додека вредноста на увозот изнесуваше 1.624 милиони евра (еднакво на увозот од претходната година). Покриеноста на вкупниот увоз со извоз изнесуваше 19,1%, (во истиот период лани изнесуваше 21%), соопштија од Министерството.
Вкупната размена на земјоделски производи изнесуваше 532,09 милиони евра и е поголема за 13,3% (или за 62,4 милиони евра), споредено со истиот период од 2013 година.
Главните патнери за увоз и извоз на Црна Гора и понатаму се земјите на ЦЕФТА и ЕУ, а најзначајниот партнер е Србија.