
Агенцијата „Валикон“ ја објави листа на најсилните 25 регионални брендови.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Агенцијата „Валикон" ја објави листа на најсилните 25 регионални брендови.
Првите три места на листата остануваат исти: Milka, Coca-Cola и Vegeta. По нив следуваат трите бренда на „Атлантик група" – Cedevita, Smoki и Argeta, па Orbit, Cockta и Nivea.
На годинешната листа се забележува дека продолжува порастот на српските брендови, конкретно на Smoki и на Plazma, тренд кој првпат беше забележан во 2013 година. Водата Jana повторно се врати во најдобрите 10 брендови, со скок за четири места од минатата година.
Топ 25 листа на „Валикон":
| MilkaCoca-ColaVegetaCedevitaSmokiArgetaOrbitCocktaNiveaJanaNescaffѐFantaJaffa cakesPlazmaPalomaLenorPepsiGilletteNutellaAirwavesColgate Dukat SnickersArielTic Tac |
Постојат одредени правила, според кои може да се види дали некој бренд ќе го најде своето место во екипата на „најсилните", кои се присутни на петте најголеми пазари во регионот (Србија, Македонија, Словенија, Хрватска и БИХ). На регионално ниво, тешко можат да се најдат некои од локалните брендови од категориите во кои доминираат токму тие – на пример, пивото и брендовите во олигополистичките категории, кои ја имаат најтешката задача (кафе, вода, млечни производи, сладоледи...).
| Во поголемиот дел од државите на јадранскиот регион, „Валикон" веќе 13 години ја мери силата на брендовите врз основа на препознатливоста, искуството и користењето на производите. Таа е една од водечките агенции за советување и за испитувањена пазарот на регионот на Југоисточна Европа, со посебен фокус на земјите на поранешна Југославија. Агенцијата е специјализирна за мали пазари,приспособени решенија, современа методологија и блиска соработка со клиентите и ги следи најголемите регионални играчи од различни индустрии во регионот. |