
Во рамките на проектот „Производ на годината“, што по четврти пат го организира порталот žena.hr, доделени се признанија за најпопуларните производи, според читателите на порталот.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во рамките на проектот „Производ на годината", што по четврти пат го организира порталот žena.hr, доделени се признанија за најпопуларните производи, според читателите на порталот.
Меѓу најпопуларните производи на хрватскиот пазар за 2015 година се најдоа и производите на „Подравка". Во категоријата „Готови производи" наградата за производ на годината ја освои Vegeta, а во категоријата „Детска храна" – Lino lada jaffa.
Добиените признанија се уште една потврда дека потрошувачите ги препознаваат производите на „Подравка" со што го наградија нивниот квалитет.
Во конкуренција на повеќе од 500 номинирани производи од сегментот стока за широка потрошувачка, гласале речиси 28.000 читатели на порталот. Во гласањето, што траеше од 27 септември 2015 година до 10 јануари годинава, читателите имаа можност да ги изберат најполуларните производи поделени во 27 категории.