
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Минатата година Бугарија заработи над 743 милиони долари од извозот на сончоглед, со што ја надмина Унгарија и се искачи на првото место како најголем извозник на сончоглед во светот, покажуваат податоците на Светската трговска организација.
Минатата година Бугарија заработи над 743 милиони долари од извозот на сончоглед, со што ја надмина Унгарија и се искачи на првото место како најголем извозник на сончоглед во светот, покажуваат податоците на Светската трговска организација.
Најголем дел од сончогледот од Бугарија се извезува во Холандија, Турција, Франција и Португалија, а најдобра цена има во Германија и во Велика Британија. Со исклучок на двете земји, бугарскиот сончоглед се продава по цена од 530 до 580 долари за тон, пренесува www.investor.bg.
Порастот на извозот на сончоглед во 2013 година е 46% во однос на 2012 година, а просечното зголемување од 2009 до 2013 изнесува 21%. Според статистиката, уделот на Бугарија е 17,8% од целокупниот светски извоз.
На годишно ниво, во Бугарија се сеат од 7 до 8 милиони хектари со сончоглед, а ланската жетва донесе принос од 1,4 милиони тони. Од вкупниот принос, две третини се извезуваат, а остатокот се преработува во земјата.