
Најголемиот малопродажен објект во системот на „Гомекс“ е отворен на 8 октомври. Новиот „Тотал“ во Шабац, се наоѓа на ул. „Крал Милутин“ бр.5
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Најголемиот малопродажен објект во системот на „Гомекс" е отворен на 8 октомври. Новиот „Тотал" во Шабац, се наоѓа на ул. „Крал Милутин" бр.5
Тоа што го одвојува „Гомекс" од другите, слични компании најдобро се изразува во нашиот слоган: Кај нас знаете што купувате. Желба ни е да понудиме проверени производи, чија основа не е само ниската цена, туку производи на кои им веруваат потрошувачите. Довербата на потрошувачот многу тешко се гради, а за нас, токму зацрвстувањето на таа доверба ќе ни би биде главен мотив додека постоиме, истакна сопственикот и основачот на „Гомекс", Горан Ковачевиќ.
На отворањето, „Гомекс" за првите купувачи обезбеди многу подароци, како и многу акции, промоции, дегустации...
Како што истакнуваат од компанијата, во „Тотал" Шабац се имплементирани сите компаниски стандарди за позиционирање и изложување на сите видови производи со поставување на професионални полици. Во новиот објект се вградени и разладни витрини што ги исполнуваат највисоките европски стандарди, кога е во прашање смрзнатата храна. Тука се и касите од последната генерација, со кои се овозможува брзо и ефикасно купување. Сите визуелни решенија се насочени кон опуштена атмосфера.
Во овој објект вработени се 36 луѓе, а во рамките на „Тотал" во Шабац се наоѓаат ресторан „Кантина" и аптека.