
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Неодамна, „Меркатор“ ги повика своите потрошувачи да се вклучат во кампањата „Најдоброто на секој чекор“, така што со сопствените мобилни телефони или дигитални камери ќе снимаат видеоматеријали што би претставувале нивна интерпретација на зададената тема.
Неодамна, „Меркатор" ги повика своите потрошувачи да се вклучат во кампањата „Најдоброто на секој чекор", така што со сопствените мобилни телефони или дигитални камери ќе снимаат видеоматеријали што би претставувале нивна интерпретација на зададената тема.
Одѕивот, како што велат од „Меркатор", бил неочекувано добар, па во периодот од 10 до 30 октомври пристигнале 229 видеоснимки и фотографии од креативни поединци кои ги забележале чекорите во куќата и природата, многу спортски и рекреативни чекори, но и свечени, чекори од забави, љубовни чекори, чекори од пазарувањата и многу други. Од собраните материјали монтиран е видео-оглас.
На овој начин создаваме дијалог меѓу нас и купувачите, на начин нашите потрошувачи да се чувствуваат почитувано и уважено. Директното вклучување на купувачите во компанијата ни овозможува во вистинска насока да ги развиваме стратегиите за комуникација, што ќе ни помогне да ги осмислиме и идните активности, изјави Мојца Авшиќ, директор за стратешки маркетинг и развој во „Меркатор".