
Најдобрите трговци се во Словенија, а Црна Гора сè уште е синоним за лоша услуга. Македонија е на четвртото место, покажаа резултатите од истражувањето на агенцијата „Глобал маркет солушнс“ (ГМС).
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Најдобрите трговци се во Словенија, а Црна Гора сè уште е синоним за лоша услуга. Македонија е на четвртото место, покажаа резултатите од истражувањето на агенцијата „Глобал маркет солушнс" (ГМС).
Во периодот од 13 јуни до 30 јули ГМС во соработка со агенции за тајни купувања од регионот, седми пат по ред спроведе истражување за основните елементи на квалитетна услуга со цел пронаоѓање на најдобрите во регионот.
Во истражувањето учествуваа шест земји од регионот — Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.
Тајните купувачи посетија 800 различни објекти како што се автосалони, банки, бензински пумпи, малопродажни објекти, супермаркети, продажни места на телекомуникациските компании, туристичко-угостителски објекти итн.
Во текот на тајните купувања забележани се основните елементи на квалитетната услуга – поздрав, утврдување потреба/желба на купувачите, познавање на производите, нудење дополнителен производ, како и благодарност за посетата.
Водечката позиција ја презема Словенија со резултат од 79 отсто и забележа пораст од 4 отсто во споредба со минатата година. Второт место го зазема Србија со резултат од 76 отсто и зголемување за 3 отсто во споредба со мнинатата година.
Третото место и припадна на Хрватска (71 отсто), а Македонија со пораст од 4 отсто во споредба минатата година го зазеде четвртото место. БиХ го зазеде петото место со 66 отсто, додека Црна Гора е на последното место со резултат од 58 отсто, што е за 10 отсто послаб резултат од минатата година.
Како и претходните години, најлошо рангирана категорија во сите земји е понудата на дополнителни производи со резултат од 37 отсто.