
Компанијата „Делез“ најави дека отворањето на дистрибутивниот центар во Стара Пазова ќе се случи на 18 ноември. Како што е кажано, во објектот ќе бидат вложени 50 милиони евра, а работа ќе добијат 750 работници.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Делез" најави дека отворањето на дистрибутивниот центар во Стара Пазова ќе се случи на 18 ноември. Како што е кажано, во објектот ќе бидат вложени 50 милиони евра, а работа ќе добијат 750 работници.
Површината на дистрибутивниот центар изнесува 70.000 квадратни метри, со можност за проширување на капацитетот и до 125.000 квадратни метри во наредните години.Поврзан е со три клучни патни правци и располага со 100 места за товарање и растоварање каде што дневно, можат да поминат 250 шлепери. Дневно, дистрибутивниот центар ќе може да испорача 6.500 палети, количество доволно за снабдување на 450 продавници.
Употребата на современите материјали во изградбата ќе овозможи поголема енергетска ефикасност на зградата, истакнато е од компанијата.