
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Оваа година големите победници на натпреварот „Семплер“ за најдобри медиумски стратегии, се „Пристоп“, „Рендерспејс“ и „Пристоп Медиа“ од Словенија, кои ја осмислија медиумската акција „Жиевам лајф“ со раперот Златко, амбасадор на брендот Sveta vladar, на „Нова КБМ“. Освен со наградата Veliki Sempler акцијата е наградена и со две златни награди и тоа во категоријата Д – најдобра искуствена акција и Е – најдобра употреба на дигиталната средина.
Оваа година големите победници на натпреварот „Семплер" за најдобри медиумски стратегии, се „Пристоп", „Рендерспејс" и „Пристоп Медиа" од Словенија, кои ја осмислија медиумската акција „Жиевам лајф" со раперот Златко, амбасадор на брендот Sveta vladar, на „Нова КБМ". Освен со наградата Veliki Sempler акцијата е наградена и со две златни награди и тоа во категоријата Д – најдобра искуствена акција и Е – најдобра употреба на дигиталната средина.

Во акцијата „Живеам лајф" употребен е пионирски формат на комуникација и тоа пренос во живо на приватниот живот на словенечкиот рапер Златан Чордич- Златко, со помош на паметните наочари на „гугл". Концептот на надградена стварност овозможи Златко со обожавателите да ги споделува секојдневните доживувања, со што ним им е овозможено да го следат во музичкото студио, на пробите за концерт, и во текот на дружењето со пријателите. На тој начин Златко го промовираше својот нов албум „Живеам лајф" како и споменатата употреба и промоција на банкарските производи наменети за младите. Со иновативен технолошки пристап на корисниците им е понудено ново интерактивно искуство на надградена стварност која предизвика неочекувана интеракција во реално време.
Жирито беше едногласно при доделувањето на Veliki Sempler. Победничката акција навистина успеа да ги мотивира и да се поистовети со целните групи. На корисниците не им се обрати во смисла „купето го тоа", туку со јазикот на младите успеа да ја истакне својата едноставност на продажната предност, кажа Весна Бегановиќ, претседателка на осумчленото жири за наградата Sempler и основач и директорка на агенцијата за огласување „Виа медиа" од Сараево.