
Виното Portugizer на винарницата „Мачков подрум“ доби златен медал на натпреварот „Португизер ду монде“, што се одржа на 26 април во унгарскиот град Печ.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Виното Portugizer на винарницата „Мачков подрум" доби златен медал на натпреварот „Португизер ду монде", што се одржа на 26 април во унгарскиот град Печ.
Натпреварот беше мотивиран од фактот што на сортата „португизер", што доминира во земјите на централна Европа, не ѝ е дадено соодветно значење во светот на виното, се наведува во соопштението.
Организаторот, компанијата „Пески Борозо", освен натпреварот нуди и можност да се претстават сите винарници што ја произведуваат оваа сорта.
Оваа награда оди во прилогна фактот што американскиот пазар без причина не го прифатил ова вино. „Мачков подрум" веќе четврта година по ред го извезува винотоPortugizer во САД и се служи во најпрестижните ресторани на источниот брег, порачуваат од винарницата.
„Мачков подрум" од Ириг поседува 32 хектари лозје на стрмнините на Фрушка гора.