
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Признанието на стручната јавност „Призма“ оваа година ја заслужија пет истакнати комуникациски примери, меѓу кои и проектот ’Секој ден даваме сè од себе – „Меркатор“ 65 години’. Наградите беа доделени во рамките на 18-ти Словенечки конференции за односи со јавноста.
Признанието на стручната јавност „Призма" оваа година ја заслужија пет истакнати комуникациски примери, меѓу кои и проектот ’Секој ден даваме сè од себе – „Меркатор" 65 години’. Наградите беа доделени во рамките на 18-ти Словенечки конференции за односи со јавноста.
Наградата во категоријата целосна комуникациска програма ја доби кампањата „Секој ден даваме сè од себе", со која „Меркатор" одбележа 65 години работење на компанијата. Создадена е приказна полна со убави и позитивни спомени, и оптимизам за иднината.
„Призма" е национална стручна награда што се доделува на словенечките организации за добро реализираните комуникациски програми во секторот односи со јавноста. Со ова признание не се претставува само добрата комуникациска реализација, туку се изразува и стручноста, знаењето, креативноста и ефикасноста на секторот односи со јавност.