
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Вкупната надворешнотрговска размена на Црна Гора во првите четири месеци, според прелиминарните податоци на „Монстат“, изнесува 603 милиони евра и е за 1,8% поголема во споредба со истиот период минатата година. Главен партнер на оваа земја во извозот и во увозот е Србија.
Вкупната надворешнотрговска размена на Црна Гора во првите четири месеци, според прелиминарните податоци на „Монстат", изнесува 603 милиони евра и е за 1,8% поголема во споредба со истиот период минатата година. Главен партнер на оваа земја во извозот и во увозот е Србија.
Од „Монстат" соопштуваат дека е извезена стока во вредност од 92 милиони евра, што е незначително помалку во однос на претходниот период. Вкупниот увоз е за 2,2% поголем и изнесува 511 милиони евра.
Во структурата на увозот доминира храната, месото и месните преработки во износ од 1,7,2 милиони евра.
Главни надворешнотрговски партнери во извозот се: Србија со 20,9 милиони, Италија со 15,2 милиони и БиХ со 14,3 милиони евра. Додека во увозот, партнери на Црна Гора се: Србија со 134 милиони, Кина со 46,5 милиони и БиХ со 39,3 милиони евра.