Србија ќе добие национална лабораторија за контрола на квалитетот на млекото до крајот на јуни, најави Министерството за земјоделство и заштита на животната средина на Србија, пренесува агенцијата Танјуг.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Србија ќе добие национална лабораторија за контрола на квалитетот на млекото до крајот на јуни, најави Министерството за земјоделство и заштита на животната средина на Србија, пренесува агенцијата Танјуг.
Во моментов, како што се пренесува, е во тек опремувањето на лабораторијата, која ќе биде со седиште во Батајница, Белград.
Лабораторијата ќе врши независна контрола за испитување на квалитетот на млекото, а се очекува да обезбеди прецизни и веродостојни резултати од испитување на квалитот на произведеното и испорачаното млеко.
Со нејзиното отворање, ќе биде исполнет најсоодветниот предуслов и најдобрата рамка за формирање на соодветната цена на млекото, велат во Министерството.