
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Европскиот институт за управување со набавката, еден од главните светски институции за истражување и тренинг во секторот набавка, го прогласи одделот за централна набавка на „Атлантик група“ за „организација за набавка на годината“.
Европскиот институт за управување со набавката, еден од главните светски институции за истражување и тренинг во секторот набавка, го прогласи одделот за централна набавка на „Атлантик група" за „организација за набавка на годината".
Во конкуренција од 105 компании од целиот свет, „Атлантик група" е првата од регионов што го освоила ова признание. Досега, признанието го добиваа исклучиво организации за набавка од корпорациите како „Бош", „Ериксон", „Нокиа" итн.