
„Нишката пивара“ би требало оваа есен да добие нов сопственик, по приватизацијата која е завршена со стечај.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Нишката пивара" би требало оваа есен да добие нов сопственик, по приватизацијата која е завршена со стечај.
Овие денови распишан е конкурс за продажба на пиварницата, а јавното наддавање е закажано за 11 септември. Почетната цена на јавното наддавање ќе изнесува 396 милиони динари, а депозитот за учество во наддавањето изнесува нешто повеќе од 158 милиони динари.
Пиварницата се продава од стечајната постапка, но купувачите нема да можат да купат само одредена опрема или објектот, туку целата фабрика како производно-работна целина. На потенцијалните купувачи им се нуди и погонот за производство на пива и сокови со комплетна опрема, котларница, управна зграда, камиони за транспорт на стока и продавници. Вкупната површина на објектот на „Нишка пивара" е 22.620 квадратни метри, заедно со 3,65 хектари земјиште.
Поранешните работници и мали акционери веруваат дека јавното наддавање ќе биде успешно и дека пиварницата ќе биде продадена, бидејќи со релативно мали вложувања и за релативно кратко време може повторно да се почне со производство.
| Своевремено оваа пиварница вработуваше 360 работници и годишно произведуваше 250.000 хектолитри пиво. Бизнисменот Јовица Стефановиќ Нини, ја купи пиварницата во 2006 година и така стана сопственик на поголемиот дел. Многу бргу после приватизацијата три пати е намален бројот на работници, а производството е намалено за пет пати. Пиварницата престанува со работа во ноември 2012 година, а во август 2013 година е почната стечајната постапка. |