
Стечајната управа на млекарницата „Ника“ распиша оглас за продажба на имотот на компанијата за почетна цена од 2,99 милиони евра, што е речиси за 15 отсто пониска цена од претходно објавениот тендер.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Стечајната управа на млекарницата „Ника" распиша оглас за продажба на имотот на компанијата за почетна цена од 2,99 милиони евра, што е речиси за 15 отсто пониска цена од претходно објавениот тендер.
Предмет на продажба е недвижниот имот, опремата и возилата на млекарницата, кои се продаваат по пат на јавно наддавање.
По почетна цена од 1,52 милиони евра се продаваат недвижнини што ги опфаќаат деловните згради, помошната зграда и неплодното земјиште.
Во опремата што се продава спаѓаат производствените линии за млеко, јогурт, кисело млеко и павлака, линијата за разладување, пакување, миење на амбалажата, како и линијата за производство и пакување на путер.
Како што соопштуваат од компанијата, понудите може да се достават до 29 декември, до 9:30 часот, а заинтересираните за доставените понуди треба да уплатат депозит за учество на јавно наддавање во износ од пет отсто од почетната цена за имотот за кој доставуваат понуда.
Минатата недела имаше оглас за продажба на имотот на млекраницата, по вкупна почетна цена од 3,53 милиони евра, но тој пропадна затоа што за оваа понуда немаше заинтересирани.