
„Метро кеш & кери“ – Хрватска иницираше постапка за сертификација на сите доставувачи и производители на прехранбени производи што ги произведуваат трговските марки (Aro, Fine Food, Horeca Select, Rioba) за овој трговски синџир.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Метро кеш & кери" – Хрватска иницираше постапка за сертификација на сите доставувачи и производители на прехранбени производи што ги произведуваат трговските марки (Aro, Fine Food, Horeca Select, Rioba) за овој трговски синџир.
Со влезот на Хрватска во ЕУ, овие хрватски производители ќе мораат да поседуваат меѓународен сертификат за квалитет признат од GFSI и трговецот, како што се наведува, ќе работи само со производители и доставувачи на прехранбени производи кои поседуваат еден од девет GFSI признати стандарди, како што е, на пример, Меѓународниот стандард за храна.
Од трговскиот синџир е соопштено дека тоа е важен чекор што овозможува постигнување на поголема конкурентност и полесен пристап на европските и светските пазари и можност за продажба на производи во рамките на групацијата „Метро", што работи во 32 држави во Европа, Азија и Африка, како и во други трговски синџири во Европа и светот.
Од компанијата истакнуваат дека од вкупно 50 производители, кои за „Метро" моментално ја произведуваат нивната трговска марка, веќе 15 од нив имаат воведен стандард што им овозможува непречен извоз на стока на европските пазари. За да им помогне на производителите на хрватските трговски марки во воведувањето на Меѓународниот стандард за храна и да им го олесни добивањето на сертификатот, „Метро", заедно со сертифицираната установа „ТУВ Хрватска", организираше дводневни работилници.